14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈА

Се враќаат дождот и снегот, а времето целосно се менува: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

За време на викендот ќе има зголемена облачност и ќе дува умерен северен ветер. Утре на пониските места ќе има повремен локален дожд, а на планините снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса во ноќните часови кон недела и во недела претпладне врнежите на места ќе преминуваат во снег и ќе бидат со послаб интензитет. Потоа ќе се задржи стабилно време со услови за појава на магла по одделни котлини.

Утре ќе биде: Променливо облачно со повремен локален дожд, а на планините снег, особено попладне и кон крајот на денот. Ќе дува умерен северен ветер. Во ноќните часови повремен снег ќе има и на некои повисоки места.

Прогноза за 12.01.2020
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 2°С до 7°C
Променливо облачно, претпладне со слаб дожд на некои пониски места и слаб снег на повисоките места и на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне облачноста ќе се намали.

Прогноза за 13.01.2020
Минимална температура: -5°C до 3°C
Максимална температура: 3°C до 9°C
Сончево со мала до умерена локална облачност, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла.

Прогноза за 14.01.2020
Минимална температура: -7°C до 1°C
Максимална температура: 4°C до 11°C
Сончево со мала до умерена локална облачност, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла.