Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Времето се менува: Метеоцентар со детална викенд прогноза

За време на викендот ќе има зголемена облачност со умерен северен ветер. На некои пониски места ќе има појава на слаб дожд, а на планините слаб снег. Потоа ќе се задржи стабилно време со услови за појава на магла по одделни котлини.

Прогноза за 11.01.2020
Минимална температура: -7°C до 2°C
Максимална температура: 5°С до 12°C
Променливо облачно, попладне со локален слаб дожд, на планините слаб снег. Ќе дува умерен северозападен ветер.

Прогноза за 12.01.2020
Минимална температура: -4°C до 4°C
Максимална температура: 4°C до 10°C
Променливо облачно, претпладне со услови за слаб дожд на некои пониски места и слаб снег на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне облачноста ќе се намали.

Прогноза за 13.01.2020
Минимална температура: -8°C до 0°C
Максимална температура: 3°C до 11°C
Сончево со мала до умерена локална облачност, по одделни котлини со услови за појава на утриска магла.

Можеби ќе ве интересира

Митева како политички незрел потег ја оцени најавата на СДСМ за повлекување од работната група за изборниот законик

ДЕСК

Мисајловски ги отвори редовните билатерални одбранбени консултации со САД – нашето стратешко партнерство ја зацврстува македонската одбрана и колективната безбедност во НАТО

ДЕСК

Николоски за стопирање на биометриските проверки кон Грција: Не треба да правиме маркетинг туку да ја завршиме работата

C +