Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Паднаа нарко дилери: Во полициска акција уапсени три лица

Повеќе од четири килограми марихуана биле откриени во автомобил, а за случајот се уапсени две лица од Битола и едно лице од Велес.

Според информациите од охридското обвинителство, осомничените на 7 јануари, околу 1:40 часот во автомобил „алфа ромео“ заради продажба превезувале марихуана. Дрогата била сокриена во повеќе пластифицирани вреќи.

Тројцата осомничени ја превезувале дрогата во правец од Струга кон Охрид. Откако биле забележани од полицијата, осомничените почнале да бегаат. Возилото било престигнато од полицијата и сопрено.

Двајца осомничени, 23-годишен битолчанец и 43-годишен велешанец, веднаш биле приведени. Третото лице, 34-годишен битолчанец, избегал, но по негово идентификување бил пронајден и уапсен во Битола.

Судот им определи притвор во траење од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК