23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Растат платите во сите сектори, од февруари нов раст на платите на вработените во здравството

СДСМ останува посветена на обезбедување што повеќе пари во секое семејство. Во таа насока е и растот на платите кој продолжува и во новата 2020 година. Веќе од следниот месец, февруари, повисоки плати добиваат вработените во здравството. Тоа значи повисоки плати за специјалистите за 25%, општите лекари 15%, медицинските сестри 10%, здравствените соработници 5% и помошно техничкиот персонал за 5%. Севкупно, над 18.000 вработени во јавното здравство од следниот месец добиваат значително повисоки плати, соопшти денеска СДСМ.

-Освен во здравството, покачување на платите има и во образованието, односно кај наставниот кадар и тоа од овој месец. Вработените во основното, средното и високото образование добиваат повисока плата за 10 %. Тоа значи дека околу 32.000 граѓани вработени во образованието и науката добиваат повисока плата. Политиките на СДСМ во економијата, овозможуваат и повисоки плати во приватниот сектор, преку субвенциите на придонеси до 6.000 денари и младинскиот додаток до 3.000 денари во производството. СДСМ ги продолжува политиките преку кои се инвестира во човечкиот капитал. Преку задоволни и мотивирани работници до доволно силен економски напредок. Со СДСМ платите растат многу побрзо, а економијата е постабилна и поконкурентна. Граѓаните ги препознаваат овие заложби и затоа на 12 април ќе потврдат дека сме на вистинскиот, правиот пат, се вели во соопштението на владејачката партија.