13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Николовски на ФБ: Одлична реализација на капиталните инвестиции преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој – реализирани се 99,7% од капиталните мерки!

За огромна пофалба е одличната реализација на капиталните инвестиции преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Реализирани се 99,7% од капиталните мерки со што инвестициите во земјоделството и руралниот развој се на неприкосновеното прво место, објави на Фејсбук, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„718 милиони денари завршија во:

-Поддршка на младите земјоделци;
-Набавка на добиток со високогенетски карактеристики;
-Нови системи за наводнување;
-Подигање на нови овошни насади;
-Поддршка за модернизација на механизацијата во задругите;
-Финансиска поддршка за Локалните акциони групи;
-Изградба и реконструкција на брани и акумулации;
-Нова модерна рурална инфраструктура;
-Водоводни и канализациони мрежи во руралните средини;
-Уредување на зелени пазари;

Ваквата реализација на капитални мерки и проекти е најсилен доказ дека Владата, #МЗШВ И #АФПЗРР во изминатата 2019-та година посветено работеа на модернизирање на македонскиот аграр преку обезбедување на финансиска поддршка за секој земјоделец и забрзан развој на водостопанската и руралната инфраструктура“, објави Николовски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК

Милевски: Виница заслужува ред и напредок, да не ја препуштиме повторно на локалните шерифи

ДЕСК

Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата, соопшти Филипче

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.