Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Изутринава почувствувани два земјотреси во Штип

Телеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево утринава во 8 часот и во 8.15 часот, регистрираше два земјотреси, чиј епицентри се наоѓаат 77 километри југоисточно од Скопје.

Според досегашните податоци нивните Рихтерови магнитуди изнесуваа 3.1 на првиот и 2.7 на вториот земјотрес. Беа почувствувани од населението во Штип и околината со интензитет од III степени, според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Украдени овци во тетовско, полицијата го реши случајот и ги врати овците кај газдата

ДЕСК

Мицкоски: На денешната владина седница ќе се одлучи името на новиот јавен обвинител

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво ќе биде времето?

ДЕСК