Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Акција на македонската полиција: Се апсеше за Бадник

Полицијата и з авреме на големиот празник Бадник, уапси неколку лица на различни локации во Скопје.

Во 22.40 часот на улицата „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје од слобода го лишиле К.Т.(19) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена марихуана, а претходно во 21.30 часот од реонот на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје, од слобода го лишиле Ф.Н.(28) од Скопје поради тоа што кај него била исто така пронајдена марихуана.

Околу 21.00 часот на ул„11-Ти Октомври“ во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево од слобода го лишиле К.И.(24) од Кичево поради тоа што кај него била пронајдена марихуана, а апсење имало и во Охрид. Полициски службеници од СВР Охрид, од слобода ги лишиле Т.Ј.(43) од Велес и О.М.(22) од Битола поради тоа што во возилото во кое се превезувале и кај нив била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случаите против наведените лица ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК