8.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЉУБОВ И СЕКС

ТОП 4 најчести грешки на жените во една врска

Која е според вас најчестата грешка која жените ја прават во текот на една врска.

1. Повеќе не се средува

По периодот кога однапред размислува каква комбинација на облека ќе облече, настапува период кога облекува само тренерки и маица и природна убавина, односно не посветува доволно внимание на себе. За таквиот стадиум никој нема против доколку и девојката нема против доколку ТОЈ престане да се средува, да мириса на пот и да пушти брада.

2.Љубомора и забрани

Од она: Не можеш да гледаш Лига на шампиони затоа што Хурем започна повторно да шамари по харемот- до тоа да се јавуваш на секој пет минути кога ќе излезиш со другарите. Ако не сакаш твојот дечко да те опишува како најљубоморното сушстество на светот- олади малку.

3. Не излегувате многу често

Тој седи дома и ги гледа последните промени на Фејсбук и на Лајвскор а ти гледаш што ќе се случи во наредната епизода на Бурни времиња. Зарем нема да биде поинтересно доколку излезете на добро кафе некаде во градот?

4.Очекуваш да и тој размислува како жена

Таквите очекувања не само што се бескорисно губење на времето туку се и причина за тензија. Мажите ги збунуваат жените а жените не ги разбираат мажите и обратно. Така било и така ќе биде. Поради овие причини КОМПРОМИСОТ Е МНОГУ ВАЖЕН.

Спонзорирано: