Мажите ги обожаваат жените и за тоа нема спор. Но, да бидеме реални, како што има работи кои ние ги мразиме кај мажите, така има и работи кои мажите ги мразат кај нас. Еве што можат да се пожалат мажите во врска со жените:
Жените премногу озборуваат. Мажите не можат да се пофалат дека не озборуваат, но можат да се пожалат дека жените почесто сакаат да го „дискутираат“ животот и изгледот на другите. Особено се иритираат ако нивната партнерка ги споделува деталите од нивниот љубовен живот со своите пријателки.
Често сакаат да променат нешто кај својот маж. Многу жени стапуваат во врска со некој маж со идејата да го променат. Дали во надворешниот изглед или во однесувањето, често жените сакаат да го прилагодат партнерот кон своите желби и потреби. Но, мажите ретко прифаќаат критика, а уште помалку имаат желба да направат промени, па затоа се раѓаат недоразбирања и расправии.
Потребно им е многу време да се подготват. Жените имаат свои ритуали за разубавување и за нив е потребно време. Секој дел од женското тело добива третман. Додека жените се обидуваат да постигнат совршен изглед, мажите нервозно чекаат, па чекањето нема како да не ги изнервира.