Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Полицијата ќе добие нова алатка: Пијаните возачи ќе ги открива со ласер и тоа без да ги запира нивните возила

Британската полиција наскоро би можела да добие нов алат против возачите кои зад волан седнуваат во алкохолизирана состојба.

Полицијата нив ќе може да ги открие на 20 метри и тоа без да ги запре нивните возила. Се прашувате како? Се работи за ласер!

Уредот е базиран на ласер кој ги открива алкохолните испарувања во автомобилот и може да открие возачи кои претерале. Откривајќи ситни промени во ласерскиот зрак кој проаѓа низ испарувањата во автомобилот, може да открие концентрација на алкохол и до 0,1%.

Креаторите на уредот засега немаат решение за ситуација во која возачот е трезен, а сопатниците се пијани, како и за онаа во која алкохол може случајно да биде истурен во внатрешноста на возилото.