Соопштение на СДСМ:
Како што кажавме, снемува пари – следуваат избори.
Мицкоски порача дека нема план за предвремени избори, но дека е подготвен доколку опозицијата го предизвика.
Оваа реченица е копи-пејст од неговиот ментор и шеф на сестринската партија од Србија, Александар Вучиќ.
Тоа го контастира и Европскиот парламент во Извештајот во којшто забележува, со загриженост, сè посилни врски со Владата на Србија, која „спроведува нелиберална агенда“.
Реалноста е дека Мицкоски сè работи по ист модел – де факто и де јуре. Исти наратив, исти фрази, иста стратегија.
Прво ги навреди сите граѓани кои се за Европска унија, нарекувајќи ги „талог на општеството“, „коленичари“, „медиокритети“ и „мекотели“.
Истиот наратив што Вучиќ го користи за граѓаните на соседните земји кои се залагаат за европски пат.
Ние нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори. Од нас тоа нема да го добие.
Ќе видиме кој од таканаречената опозиција, од сателитите на ВМРО, ќе биде искористен за да го повика на предвремени избори.
Сценариото постои, глумците со бугарски пасоши ги знаеме, а режисерот „патриот“ со скапи часовници ни е премногу добро познат.
Мицкоски сака предвемени избори затоа што нема резултати а снемува и пари.
Сака избори затоа што сака да го преживее политичкиот колапс што сам го предизвика.
Но граѓаните не се наивни, знаат сè.
Не е прашање дали опозицијата е подготвена, туку дали се подготвени граѓаните на Македонија за предвремени избори.
Дали се подготвени нивните паричници и фрижидери.
Дали се подготвени граѓаните да останат дома и да му дозволат на Мицкоски уште повеќе да ја уништи економијата, да ја изолира државата и населението да го доведе до работ на сиромаштијата.
Тоа е прашањето.
Со негласање, самите се казнуваат и на тендер коалицијата ѝ овозможуваат уште четири години грабеж на нивните пари.
Кога Мицкоски ќе ги распише избори, граѓаните не смеат да останат дома.


