21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Најдобар театар за 2019 – Театар Комедија

Уште една успешна година за НУ Театар Комедија. Оттаму велат дека реализирана е целата предвидена програма за 2019 година!

„- Реализиравме пет премиери:

1. ,,На отворено“ (режија: Андреј Цветановски);
2. ,,Жени пред нервен слом“ (режија: Иван Лео Лемо);
3. ,,Боливуд“ (режија: Наташа Поплавска);
4. ,,Вечера за глупаци“ (режија: Ирена Стеријоска);
5. ,,Човек, ѕвер и доблест“ (режија: Егон Савин);

– Реализација на фестивалот ,,Гола месечина 2019“, под покровителство на Општина Аеродром;
– Учество на МТФ ,,Војдан Чернодрински“ – Прилеп со претставата ,,На отворено“;
– Учество на Фестивалот на камерен театар ,,Ристо Шишков“ – Струмица со претставата ,,Мечка“ (режија: Димче Николоски)
– Учество на фестивалот ,,Денови на комедијата“ – Куманово со претставата ,,Жени пред нервен слом“;
– Учество на фестивалот ,,Македонско културно лето“ – Мала Преспа, Р. Албанија, со претставата ,,Мечка“;

– Гостувања низ државата: ,,Стјуардеси“ – гостување во Струмица; ,,Вардарски пастуви“ – гостување во Кочани, Струмица, Прилеп и во Битола; ,,Дони Дарк“ – гостување во Струмица;

– Награди и признанија:

1. Награда за млад актер на Тони Денковски за улогата во ,,На отворено“ во рамки на МТФ ,,Војдан Чернодрински“ – Прилеп;
2. Награда Нета за Жарко Димоски за експресивно актерско остварување во претставата ,,Мечка“ во рамки на фестивалот ,,Ристо Шишков“;
3. Награда за најдобра претстава за ,,Мечка“ на Македонско културно лето – Мала Преспа, Р. Албанија;
4. Признание за претставата ,,Дони Дарк“ (режија: Роберт Ристов) од страна на МДАМ (Мускулна дистрофија асоцијација Македонија).“ – велат од НУ Театар Комедија.

Спонзорирано: