Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Автомобил удрил во камион: Две млади момчиња од Велес итно пренесени на Клиника во Скопје

Во СВР Велес денеска било пријавено дека околу 04.50 часот на ул.„Вардарска“ се случила сообраќајна незгода во која П.М.(20) од Велес, управувајќи патничко возило „форд мондео“, со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во товарно возило „ман“ со беровски регистарски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле П.М. и неговиот сопатник А.К. (19), по што биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Можеби ќе ве интересира

ОХРИД ДЕНЕСКА Е ЦЕНТАР НА БАЛКАНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА – Пристигнуваат лидерите од регионот

ДЕСК

ДОЖДОТ НЕ ЗАПИРА – УХМР најавува нови пообилни врнежи во Македонија

ДЕСК

Ангелова: Позитивната оценка од ЕК за образованието и отворањето нови градинки се чекор кон подобри услови за децата и младите

ДЕСК