Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Славјанка Петровска му врати на Наќе Чулев: Навидум промена, а старите навики на лаги и конструкции

Реакција на Славјанка Петровска, дополнителен министер за внатрешни работи до Наќе Чулев, привремен министер за внатрешни во техничката влада:

Навидум промена, а старите навики на лаги и конструкции.

“Целосна невистина се тврдењата на новиот технички министер на МВР Наќе Чулев изнесени во интервју за ТВ Алфа за незаконски решенија и наводна поврзаност со криминалните структури. Сите акти кои се потпишани се во согласност со законот и прописите во МВР.

Иако ДПМНЕ најави нов лик, сепак никако да ги заборават старите навики. И понатаму продолжуваат со намерното ширење лаги дека во МВР не постои компаративна статистика за состојбата со криминалитетот во периодот додека на чело на МВР беше Оливер Спасовски. Напротив, вистината е не само дека постои анализа туку таа покажува извонредни резултати споредено со периодите претходно кога министерството беше управувано од ДПМНЕ. Намален е криминалитетот, разбојништвата, убиствата, жртвите од сообраќајни незгоди и тн. Овие резултати беа презентирани минатата недела на брифинг со новинарите на кој беа присутни над 30 претставници на медиумите Уште поконкретен податок за работењето на МВР под раководство на Спасовски е анкетата на ОБСЕ за довербата на граѓаните во полицијата, која јасно покажува дека довербата во полицијата расте односно дека граѓаните сметаат дека полицијата работи добро и дека се минато времињата кога со МВР раководеше ДПМНЕ, а довербата беше сведена на мизерни бројки токму поради партиската злоупотреба на полицијата.

Како човек од безбедносно-разузнавачката заедница Чулев треба да ги знае законите во Република Северна Македонија и да е свесен дека сомнежи за евентуална поврзаност со криминални структури се пријавуваат во Јавното обвинителство, а не во интервјуа. Зарем ова е долгонајавуваниот професионализам на ДПМНЕ?”

Можеби ќе ве интересира

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено било телото на 16 годишното девојче кое исчезна во Вардар

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК

МВР демантира написи поврзани со измените на Законот на полиција во кои се тврди дека полицаец осуден за кривични дела нема да се отстрани од работа

ДЕСК