Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски се жали на ефектот од Мој ДДВ, парите не оделе кај фамилијата туку кај граѓаните

Мицкоски по кој знае кој пат докажува дека слугува на режимската матрица на Груевски која грабаше и ги осиромашуваше граѓаните, реагираат од СДСМ на соопштение на ВМРО ДПМНЕ.

„Мицкоски не може да се помири дека парите се враќаат кај граѓаните наместо да одат кај фамилијата.

Популизам беше градењето на жални врби, шмизли и бикови на сметка на граѓаните.

Реализација на мерката Мој ДДВ, преку која 15% од данокот на додадена вредност кој го плаќаат граѓаните, се враќа назад во нивниот буџет, дава одлични резултати.

За само две тримесечја, преку оваа мерка граѓаните остварија поврат на близу 6,9 милиони евра.

Веќе следниот месец, односно во февруари 2020 година, започнува исплатата на 3,7 милиони евра назад кон граѓаните за поврат на ДДВ за месеците октомври, ноември и декември.

Оваа мерка не е популизам туку е популарна бидејќи вистински враќа пари во семејните буџети на граѓаните.

Мицкоски треба да се помири дека времето на грабање од граѓаните заврши и нема да се повтори, режим никогаш повеќе!“ – се вели во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК