Centar.mk
СВЕТ

САД: НАТО му го сврте грбот на американскиот народ

Белата куќа дополнително ја заостри својата реторика кон своите сојузници, обвинувајќи го НАТО дека „му го свртел грбот“ на САД во услови на меѓународната криза околу војната со Иран.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, ја пренесе пораката на претседателот Доналд Трамп, кој верува дека алијансата „беше ставена на тест и не успеа“.

„Доста е жално што НАТО му го сврте грбот на американскиот народ во изминатите шест недели“, рече Ливит, додавајќи дека американските даночни обврзници се тие што ја финансираат одбраната на сојузниците со години.

Овие изјави доаѓаат во контекст на поширока геополитичка криза, откако Вашингтон го прогласи успехот на воената операција против Иран и постигна привремен прекин на огнот, додека најави продолжување на преговорите за долгорочно решение.

Левит, исто така, потврди дека Трамп ќе одржи средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во текот на денот во Вашингтон, најавувајќи „отворен разговор“ за иднината на алијансата.

На прашањето дали американскиот претседател размислува за повлекување на САД од НАТО, Ливит не ја исклучи таа можност. „Тоа е нешто за кое претседателот веќе разговарал и ќе разговара понатаму со генералниот секретар Руте“, рече таа, додавајќи дека јавноста наскоро би можела да чуе директна изјава од претседателот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

РАКЕТЕН НАПАД ВО СРЦЕТО НА РИЈАД – Оштетена висококатница во финансискиот центар на Саудиска Арабија

ДЕСК

ИСТОРИСКА СРЕДБА НА ТРИТЕ СВЕТСКИ СИЛИ – Трамп, Путин и Си разговараа за нуклеарното оружје и глобалната безбедност

ДЕСК

ОБВИНЕНИЕ ЗА ТАЈНА ОПЕРАЦИЈА ВО СИЛИЦИУМСКАТА ДОЛИНА – Руски државјанин осомничен дека следел вработени во американска одбранбена компанија

ДЕСК