Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Студ ќе ја окова Македонија: УХМР издаде метео предупредување

Под влијание на студена воздушна маса утре времето ќе биде претежно облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи претежно од снег. Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните делови на места со умерен интензитет. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и студено, а во понеделник ќе дува засилен северен ветер.

Прогноза за 06.01.2020
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: -2°С до 5°C
Променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер. Во раните утрински часови локално ќе провејува слаб снег.

Прогноза за 07.01.2020
Минимална температура: -10°C до 0°C
Максимална температура: 1°C до 8°C
Сончево и студено со слаб до умерен северозападен ветер.

Прогноза за 08.01.2020
Минимална температура: -12°C до -4°C
Максимална температура: 2°C до 9°C
Сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Инцидент како на филм во Македонија: Го пресретнале додека возел и му го блокирале патот, па потоа вооружени лица излеглe и му го демолиралe возилото

ДЕСК

46 годишна жена нападната од 38 годишна скопјанка – причината банална: недоразбирање во сообраќајот

ДЕСК

Тежок инцидент пред угостителски објект во Скопје: Рането 16 годишно дете

ДЕСК