-2019 година ја заокруживме како успешна година во која преку вложување во човечкиот капитал ги зголемивме платите на здравствените работници, ги подобривме условите за работа – набавивме нова опрема, но и ги подобривме условите во јавно-здравствените установи. Со истото темпо, продолжуваме и во новата 2020 година. Година на инвестиции во здравствените работници. Година во вложување во човечкиот капитал. Со низата мерки кои Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз ги имплентира покажавме дека навистина сме на вистинскиот пат. Само со покачени плати, вработувања, максимална грижа за нивна мотивираност ќе ги задржиме нашите лекари во јавното здравство. Токму поради тоа, како што најавивме, од месец февруари здравствените работници ќе добијат повторно зголемени плати, изјави на денешната прес-конференција Венко Филипче, претседател на Комисија за здравство на СДСМ.
„Со новите зголемувања ќе достигнеме историски рекордно високи примања на здравствените работници
Заедно со сите зголемувања досега, вклучително и зголемувањата во месец февруари 2020 година, основната плата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23% на медицинските сестри на клиниките. На општите лекари за 25%, а на здравствени соработници за 15%.
Би сакал да истакнам дека, платата на еден лекар специјалист на некои клиники веќе сега достигнува 100.000 денари. Од февруари платата на лекарите специјалисти со дежурства на клиниките ќе надминува 100.000 денари, а во општите болници ќе биде приближно 100.000 денари.
Ова е едно од нашите предизборни ветувања, кое го исполнивме.
Како одговорна политичка партија, го мотивираме медицинскиот персонал да биде среќен и исполнет во својата професија, поради тоа што само задоволни лекари и медицински сестри може да значат задоволни пациенти.
Ги зголемивме процентите за исплата на дежурства на здравствените работници.
Дежурствата во работен ден и дежурствата за викенд и празник се зголемени два, односно до три пати, а од февруари ќе бидат четири односно пет пати, со што дежурствата кои што порано се плаќаа 2.500 денари ќе се плаќаат помеѓу 8.000 и 10.000 денари.
Исто така, за 15% или 8 денари го зголемивме и капитациониот бод на матични лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија. Реформата на примарната здравствена заштита е важна за лекарите и пациентите. Примарните лекари кои што имаат 1.000 пациенти примаат околу 8.000 денари повеќе, а лекарите со 3.000 пациенти примаат 16.000 денари повеќе. Тоа значајно ја олеснува нивната работа и го зголемува квалитетот на здравствената услуга кон пациентите.
На прав пат сме, затоа што за првпат обезбедивме средства за сите приватни специјализанти. Тие млади специјализанти што ги затекнавме кои до тогаш работеа без пари, како и новите специјализанти кои запишаа специјализација цо 2019 година се платени за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар.
Во изминативе две години, дадовме и повеќе од 5000 согласности за вработување во здравствените установи.
Отворивме два јавни повика за шест месечна работа на лекари, но и на медицински сестри во Службата за патронажна дејност. Повеќе од 134 медицински сестри почнаа со работа.
На правилниот и вистински пат продолжуваме и следнава година.
Покажавме дека сме одговорна политичка партија, која успеа да го рехабилитира цунамито кое 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ го остави во здравството. Го зајакнуваме здравствениот систем во нашата држава. Продолжуваме со вистински здравствени политики.“ – изјави Филипче