Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Времето се менува: Доаѓа снег, студ и ветер

Утре и во сабота ќе се задржи претежно сончево време со услови за утринска магла по одделни котлини.

Под влијание на студена воздушна маса во недела ќе има наоблачување со засилен северен ветер и повремени врнежи претежно од снег.

Во почетокот на наредната седмица времето ќе биде стабилно и студено, во понеделник со засилен северен ветер.

Прогноза за 04.01.2020
Минимална температура: -8°C до 0°C
Максимална температура: 7°С до 14°C
Претпладне сончево, а попладне облачноста постепено ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 05.01.2020
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 1°C до 7°C
Облачно и студено со повремени врнежи претежно од снег. Ќе дува засилен северен ветер.

Прогноза за 06.01.2020
Минимална температура: -4°C до 3°C
Максимална температура: -1°C до 5°C
Сончево и студено со умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Во утринските часови локално ќе провејува слаб снег.

Можеби ќе ве интересира

Важни информации за возачите кои вечерва се движат со своите возила низ Македонија

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, А ЌЕ ТРУПА И СНЕГ: Метеоцентар објави најнова прогноза за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Сточарите и земјоделците излегуваат на протест поради колапс на земјоделството

ДЕСК