Познатата македонска пејачка Тамара Тодевска, е овогодинешниот избор на Centar.mk за “Музичка ѕвезда на годината”.
Тамара е личноста која заедно со нејзиниот тим успеа за прв пат да ја квалификува Македонија на најдобрата позиција на Евросонг.
На бината во Тел Авив, нашата Тамара сосема заслужено стигна до историскиот пласман на осма позиција со 295 поени на изборот за песна на Евровизија.
Важно е да се напомене дека според жири комисијата Тамара освои најмногу поени од сите земји учеснички.
Centar.mk и’ оддава признание за големиот успех во 2019-та година.