23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗА НАС

Centar со скромен буџет и лавовски мотивиран тим е меѓу најчитаните портали за вести во Македонија

Со скромен буџет, но лавовски мотивиран тим, успеавме да покажеме дека и оваа 2019-та година Centar.mk е меѓу најчитаните десетина информативни портали во Македонија.

Мал буџет, но лавовска мотивација

Centar.mk кој 9 години опстојува на македонската сцена е можеби единствениот онлајн медиум со толку голема читаност, а се публицира од југозападниот дел на Македонија, речиси заборавен регион и од бизнисите и од државата.

На македонската интернет сцена со скромен буџет и соработка со најдобрите премиум маркетинг агенции и угледни компании, но и лавовска мотивација на нашиот тим кој е сочинет од луѓе-професионалци кои повеќе од 14 години се во онлајн бизнисот и и може да се каже дека се основачи на некои од првите македонски онлајн медиуми за вести. Нашиот портал со години се оддржува на висока позиција на сите ранг листи, особено на оние релевантните на агенции чии што кодови за мерење на статистиките се поставени на нашиот сајт.

 

Јасно, точно, прецизно, концизно

Centar.mk својот успех, силната доверба на својата читателска публика и клиентите ги темели на јасни, точни и проверени информации кои се доставуваат до крајниот читател.

Никогаш не избрзуваме со вестите, се’ додека не ја провериме нивната легитимност, точност и сензитивност. Токму тоа е она што го прави Centar.mk поинаков од останатите.

Ги почитуваме етиката и кодексите за професионално известување во медиумите.’

 

Рекламни банери кои не ги нервираат читателите

Рекламниот простор на Centar.mk е елегантно вклопен во нашиот сајт. Нашата главна цел е рекламните банери да бидат 100% квалитетни, да не покриваат соддржина, да бидат јасни и да не ги нервираат читателите. Токму и тоа е причината што на една отворена страница се појавуваат само неколку рекламни позиции кои го прават дизајнот на Centar.mk уште поубав на очи.

 

11.200.000 посети значат доверба за која вреди да се бориме и да бидеме уште подобри

2019-та ни покажа дека расте нашата читателска публика, релевантноста и угледот.

Во перидот од 28 декември 2018 до 29 декември 2019-та година на порталот биле реализирани 11.222.048 посети од вкупно 2.656.140 уреди. Поточно статиите се прегледани во бројка 15.270.410 пати. Сериозна бројка за која вреди да се бориме за уште подобар удел во следната година, но и бројка која треба да ги мотивира маркетинг агенциите и компаниите сериозно да размислат да насочат дел од своите кампањи на нашиот медиум.

Успеси со кои ќе се пофалиме:

  • Одлична посетеност
  • Centar.mk е регистриран професионален медиум во Македонија
  • Потписник на етичките кодекси за професионално известување во медиумите
  • Прв и во засега единствен македонски медиум верифициран од страна на социјалната мрежа Фејсбук
  • 100% транспарентни и респонсивни

На сите наши читатели, деловни партнери и пријатели им посакуваме Среќни Новогодишни празници, успех, многу здравје, се на се’ блескава 2020 година!