Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Што носи среќа во Новата година? Еве што треба да правите

Би требало да внимавате како влегувате во Новата година, според верувањата, со цел да привлечете среќа, да ги избркате злите духови…

Ова се некои од старите народни верувања:

Во новата година не влегувајте со долгови бидејќи ќе ве следат цела година, а тоа никој не го сака.

Не изнесувајте ништо од дома за време на дочекот, дури не смеете ниту да ги истресете трошките од маса.

Новата година мора да се дочека со многу бука – за да ги избркате злите духови.

Првиот кој треба да ви ја честита Новата година мора да биде од спротивен пол, тоа привлекува среќа во љубовта.

За оној кој ќе го погоди капачето од шампањот ќе биде добра година.

Оној кој ќе ја испие последната голтка од шишето шампањ ќе има многу среќа во годината која следи.

Првиот гостин кој ви влегува дома би требало да биде висок маж со темна коса кој носи подарок – тоа носи среќа.

Несреќа носи ако првиот гостин е маж со црна или плава коса или ако се работи за жена.

Во новата година треба да влезете со полн фрижидер и со пари во секој новчаник, бидејќи тоа привлекува благосостојба.

Децата родени на 1 јануари се сметаат за деца на среќата.

Првиот ден од Новата година никако не перете садови и алишта – се смета дека некој ќе исчезне од куќата ако го правите тоа.

Можеби ќе ве интересира

Четири грешки во кујната што ја намалуваат хранливата вредност на вашите оброци

C +

Два хороскопски знаци ги очекуваат пари до крајот на ноември – Дали сте еден од нив?

ДЕСК

Ден кога ситните корекции стануваат долгорочни предности – Дневен хороскоп за 3 ноември 2025

ДЕСК