Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се децидни дека предлогот на ВМРО ДПМНЕ, Драган Ковачки, потполковник на АРМ да биде нов Министер за внатрешни работи е неуставен.
СДСМ кажа не на предлогот на Христијан Мицкоски.
Од владејачката партија велат дека согалсно член 97 од македонскиот устав, за прв човек на МВР треба биде поставено цивилно лице, личност која најмалку 3 години не била во униформа.
Социјалдемократите повикаа Мицкоски да предложи ново лице.
Но од ВМРО ДПМНЕ и натаму стојат на ставот дека потполковникот е личноста која треба да седне на министерското столче на МВР.
Сепак останува нејасно и непознато, за причините на ваквото флагрантно кршење на Уставот од страна на ВМРО ДПМНЕ, дали се работи за ненамерна грешка поради недостаток на квалитетни совети од страна на правните служби или пак за намерен обид да се одложат се-поизвесните избори.
Мицкоски и натаму останува на ставот дека СДСМ ги одложува работите и дека го кочи поставувањето на професионалец на чело на полицијата.
Според правниците, дури и да биде прекршен Уставот и од страна на СДСМ и да биде поставено лицето за министер за внатрешни работи, тогаш би се активирал Уставниот суд кој доколку оцени дека предлогот на ВМРО ДПМНЕ е неуставен би ја ставил целата техничка Влада во една сенка, а одлуките на министерот за време на неговото раководење би биле ништовни.
Ј.С.