Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Познати нови детали за трагедијата во која загина полицаец, а друг со тешки повреди е префрлен во болница

Во тешката сообраќајка која што се случи вечерва околу 19 часот, според првите неофицијални информации загина едно полициско униформирано лице, додека друго е тешко повредено.

Полицајците кои настрадаа во несреќата го обезбедувале местото, поради претходно случена сообраќајка помеѓу два автомобили, при што во еден момент во нив удрил автомобил.

За трагедијата е уапсен 31-годишник од селото Грашница, Кичевско, кој го управувал автомобилот кој влета во полицајците и ја предизвика трагедијата.

Повеќе официјални детали се очекуваат за утре.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК