Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Потпишан договор за кредит од 70 милиони евра за реконструкција на локални патишта

Mинистерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Kанцеларијата на Светска банка во земјава, Марко Мантованели, потпишаа договор со кој се обезбедуваат 70 милиони евра за рехабилитација, реконструкција и надградба на 450 километри локални патишта во 80 општини во земјава.

„Секој вложен денар во инфраструктурата четирикратно се враќа: се поттикнува транспортот, трговијата, туризмот и воедно се обезбедуваат подобри услови за живот на граѓаните. Проектот е дел од четиригодишната Рамка за соработка со Светска банка во вредност од 420 милиони евра, која опфаќа инвестиции во инфраструктура, проекти за вложување во човечки капитал, фискална одржливост и одржливост на животна средина“, посочи Ангеловска.

Додаде дека средствата се обезбедуваат под исклучително поволни услови, со рок на отплата од 15 години и грејс период од 5 години и каматна стапка од 6-месечен ЕУРИБОР зголемен за фиксен распон, со што сега каматната стапка изнесува 0,15%.

Во Министерството за транспорт и врски веќе е формирана проектна единица за спроведување на проектот, до која општините можат да доставуваат проекти.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК