16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Битиќи: Ја покачивме минималната плата за 5.500 денари и веќе не е срамна како во времето на ВМРО-ДПМНЕ

За само 2,5 години од економија и земја во која што имаше малку изгледи да има перспективи успеавме да се вратиме и постигнеме позитивен и одржлив тренд на развој, рече денеска на прес-конференција, претседателот на Комисијата за економија на СДСМ, Фатмир Битиќи.

„За само 2,5 години ја зголемивме минималната плата на 14.500 денари, или 5.500 денари зголемување од срамните 9.000 денари колку што изнесуваше во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Сега месечната потрошувачка кошница од 32.000 денари се покрива со 2,3 минимални плати, а пред две и пол години беа потребни 3,5 минимални плати“, порача Битиќи.

Додаде дека откако СДСМ е на власт, отворени се скоро 60.000 работни места.

„Невработеноста покажува одржливо намалување, поддржано од значително креирање на нови работни места. Невработеноста е намалена на историски најниско ниво од 17,1 насто, од 23,6 пред 2,5 години. За само 2,5 години, преку водење на успешни и конкретни економски политики се отворија околу 60.000 нови работни места, од кои повеќето се во реалниот сектор. Ова е разликата, ние отвараме реални работни места наспроти административно бришење на невработени во времето на ВМРО-ДПМНЕ“, кажа претседателот на Комисија за економија на СДСМ.

Во однос на пензионерите истакна дека во јануари ќе добијат зголемување на пензиите од 700 денари, кое со усогласување со трошоците за живот, во март ќе изнесува 900 денари.

Битиќи истакна дека неговата партија е подготвена и 2020 да продолжи со работа и проекти за подобра перспектива за граѓаните.

Спонзорирано: