Вчера во 14.05 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека Ј.А.(63) од Кочани, при изведување градежни работи на покривот од неговата семејна куќа на ул.„Ѓорче Петров“ во Кочани, паднал и починал.
Лекар од Итна медицинска помош Кочани констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на семејството. Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Кочани, информира МВР./Makfax