Возач и неговиот малолетен сопатник се повредени во сообраќајна несреќа којашто се случила вчера во 18.10 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на с.Ново Село. Во несреќата учествувале „фолксваген поло“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(55) од с.Доброште и патничко возило „фолксваген пасат“, со струшки регистарски ознаки, управувано од В.Ж.(23) од с.Велешта.
Во незгодата Ф.Д. и малолетен сопатник од истото возило се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар, информира МВР./Makfax