Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

УХМР со прогноза за новогодишната ноќ- снег се очекува пред Божиќ

Следува период на променливо облачно и се постудено време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, за време на викендот повремено силен северозападен ветер.

Во северните делови на повисоките места и на планините ќе има услови за повремен снег, a во сабота повремен снег ќе има и во пониските места.

Според долгорочните прогнози услови за снег евентуално ќе има пред Божик.

Прогноза за 28.12.2019
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 1°С до 7°C
Променливо облачно и постудено со повремен снег кој и можен и во пониските места. Ќе дува умерен, повремено и силен северозападен ветер

Прогноза за 29.12.2019
Минимална температура: -7°C до 1°C
Максимална температура: -1°C до 6°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен, повремено силен северен ветер.

Прогноза за 30.12.2019
Минимална температура: -8°C до 0°C
Максимална температура: 0°C до 7°C
Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Орбан – ист модел, корупција на сите нивоа!

ДЕСК

Министерот Андоновски го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на аеродромот во Скопје

ДЕСК

Платите во Министерството за правда ќе растат за 21%, Филков го потпиша колективниот договор

ДЕСК