Битолчанец на возраст од 26 години тешко се повредил при обид да украде тегови што го држеле лифтот во напуштен објект на поранешна фабрика на битолската улица „1 Мај“.
Настанот се случил во пладневните часови на 25 декември, а бил пријавен од итната медицинска помош, каде што 26-годишникот бил донесен со тешки телесни повреди.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот./Makfax