24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пријава за кумановска фирма поради ископ на кварц во Старо Нагоричане

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А. Р. (41) од Куманово и против правното лице ДПТТУ „Борос“ ДООЕЛ од Куманово поради незаконита експлоатација на минерални суровини.

Тие од 2010 до 30.4.2013, искористувајќи го договорот за концесија за детаљни геолошки истражувања на минерални суровини – кварц на локалитет „Пчиња“ – с. Коинце, општина Старо Нагоричане, склучен со Владата, кој се однесувал само на геолошки истражувања, вршеле незаконска експлоатација и продажба на минерални суровини – кварц на локалитетите „Пчиња“- с. Коинце и „Ветуница“ – општина Ранковце, без добиени концесии и дозвола за тоа.

„Притоа во 21 наврат на правно лице од Тетово му продале 43.941,24 тони минерална суровина кварц и собирен кварц во вкупен износ од 56.561.536 денари остварена противправна имотна корист за што и доставиле 21 фактура. За извршената продажба и експлоатација, требало за секој изминат квартал на Министерството за економија да платат 3 отсто од секој ископан и продаден тон кварц и собирен кварц, со што избегнале плаќање вкупно 395.471 денар и избегнале плаќање давачки и за концесии во износ од 820.000 денари. Со наведеното избегнале давачки во вкупен износ од 2.220.471 денар, за кој износ го оштетиле буџетот, а воедно стекнале противправна имотна корист од 58.386.538 денари“, соопшти МВР./Makfax