Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Будимир на трибина Агенда Спорт 20-24: Владата предводена од СДСМ е прва влада која има слух за родова еднаквост, поголемото учество на жените ќе влијаат на унапредување на спортот

30 години сум во спортот, 20 години како играч, 10 како тренер и сум била сведок на неправда кон жените во спортот. Денес, конечно имаме Влада која има слух за рамноправноста на жените и вложува да се воспостави потребниот баланс. Огромна чест ми е да сум дел од Комисијата за спорт на СДСМ предводена од Мојсовски и ветувам дека посветено ќе работам на зајакнување на позицијата на жената во спортот и унапредување на спортот целокупно, рече Андријана Будимир, членка на Комисијата за спорт на СДСМ и бивша ракометарка.

Цел е да се воведат квоти во сите управни одбори и федерации за рамноправно учество на жени, за да се слушне гласот на жените кој ќе придонесе за развој на женскиот спорт. Учеството на жените во федерациите ќе придонесе жените да го кажат своето искуство и да влијаат на целосно унапредување на спортот, заклучи Будимир.

Можеби ќе ве интересира

СТИГНУВА СТУДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА – Дожд, силен ветер и снег на планините, температурите нагло ќе се намалат

ДЕСК

ВЕЧЕРВА СПРОТИ АРАНЃЕЛОВДЕН – Кои обичаи се негуваат во домовите и што се прави утре на големиот празник?

ДЕСК

УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК – Се слави Свети Архангел Михаил, небесниот заштитник и предводник на ангелите

ДЕСК