Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Каевски на трибина Агенда Спорт 20-24: Младите повторно спортуваат, од 9 отсто во 2017 денес над 27 отсто млади спортуваат, добивме и олимписка норма за Олимписките игри во Токио 2020 година

Младите се иднина на државата и СДСМ вложува во нивниот правилен развој. Во 2017 година само 9 отсто млади практикувале спорт, во 2019 процентот е зголемен над 27 отсто, тоа е доказ дека нашите мерки даваат резултат, рече претседателот на СДММ и директор на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски.

Училишниот спорт се врати на прав пат. Имаме зголемен број на новитети, повеќе натпревари, повеќе клубови и тренери. Ги наградуваме најдобрите младински клубови како дополнителен стимул за младите, додаде Каевски.

Млади спортски надежи е проект со кој младите надежни таленти ќе бидат детектирани. За Олимпските игри во 2020 во Токио добивме олимписка норма, тоа е доказ за успешноста на политиките за спорт, тоа е мотив да продолжиме по прав пат и интензивно да вложуваме во спортот, заклучи Каевски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Додека прават дефокус носат 10.000 „економски работници“

ДЕСК

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, нема решенија за граѓаните – само дефокус

ДЕСК

Најмногу снег на Попова Шапка, утре со врнежи од дожд и снег претпладне , попладне облачноста ќе се намалува

ДЕСК