Реформата во секоја област оди прво со создавање на законодавна подлога а после и практична реализација на таа законодавна подлога низ која што се прави и реформата во самата област така е и во делот на правосудството. Прво не правиме ветинг и треба да го разграничиме тоa, порача премиерот Зоран Заев за Македонската телевизија.
Ние правиме прочистување во правосудството согласно постојната законска регулатива. Таму тоа е вградено, има сериозни алатки во делот на судскиот совет, во делот на советот на обвинители, во делот на ДКСК.
„Законската основа е создадена, Заев никогаш не сакал ниту треба било кој да крева телефони на судиите да врши влијание, да кажува како треба, што треба да прават со процесите, дали побрзо побавно како да судат и слично , скраја да е, никој не треба тоа да го прави во државата. Одговорноста на судиите е сериозна работа заради тоа што прво земаат плата од граѓаните сите нас не плаќа нашиот народ, втората работа зависи делокругот на атмосферата на севкупниот живот на државата дали ќе има повеќе инвестиции, дали млади ќе остануваат овде, дали ако некој се чувствува дека е правичен има надеж дека ќе дочека правда во оваа држава, токму заради тоа тргнуваме во еден процес на прочистување и проверка, преку имотот, преку судирот на интереси..“, рече премиерот Зоран Заев.