Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Облачно и дождливо со температура до 15 степени

Изутринава е претежно облачно со повремен слаб до умерен дожд. Ветерот во првиот дел од ноќта ослабна и остана претежно јужен. Утринава е променлив, а на југоистокот е тивко и во Струмица има магла.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со врнежи со слаб до умерен дожд. Околу пладне на север ќе започне да дува северен ветер кој потоа ќе се прошири особено во Повардарието и ќе биде слаб до умерен. Дневната температура ќе биде во интервал од 8 дo 15 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд со променлив интензитет. Околу пладне во делови од котлината ќе започне да дува северен ветер. Температурата ќе достигне до 10 степени.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +

ВМРО вели дека граѓаните станале милионери по намалувањето на ДДВ на горивата, возвратија од СДСМ

ДЕСК