Centar.mk
ЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

Буџетот на град Скопје за 2020 предвидува најголем раст во комуналниот сектор

Град Скопје на денешната седница на Советот ќе го разгледува предлог-буџетот за 2020 година.

Најголемо зголемување на планираните средства во новиот предлог-буџет на градот има во Секторот за комунални работи каде што средствата за 2020 се зголемени за 72% во однос на 2019.

„Согласно со направените проценки и анализи, со предлог-буџетот на Град Скопје за 2020 година се предлага износ од 7,3 милијарди денари вкупни приходи и други приливи. Во предлогот се планира и дел од вишокот на приходи остварен во минатите години, во износ од 875.668.000 денари“, се наведува во соопштението на градските власти.

Во него се додава дека споредено со годинава, предложениот буџет за 2020 година се зголемува за 12%.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Два нови ДУП-а за Калето и опфатот околу Француските гробишта, повеќе зеленило, спортски објект и уреден простор

C +

Започна реализацијата на проектот за темелно чистење и уредување на коритото на реката Серава, како и изградба на нова пешачка патека во општина Бутел

ДЕСК

Валбон Лимани го промовираше почетокот на работите на две улици

ДЕСК