Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Страотен пожар вечерва во Велес: Горат куќи, скопски пожарникари дојдоа на помош

Голем пожар во Велес е регистриран вечерва, каде горат неколку куќи.

Според првичните информации материјалните штети ќе бидат огромни, со оглед дека се работи за куќи од културно наследство, на локацијата позната како “Варналиите”.

-Во моментов имаме голем пожар во Град Велес запалени се повеќе куќи над Автобуската Станица Велес. БППЗ-Град Скопје прати помош од 3 возила за Град Велес во борба со огнената стихија, информираат од Скопската против-пожарна служба доцна вечерва.

Засега нема информации за евентуално повредени лица или загрозени човечки животи,но се споменува поголема материјална штета.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК