Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против кумановец за перење пари

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 42-годишен кумановец, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело.

Според информациите, пријавениот во 2014 година со намера да ги искористи поволностите како повратник од странство за увоз на возило, за увезено возило од Швајцарија на кое не бил сопственик, изготвил лажен купопродажен документ и го приложил во Биро за метрологија и правно лице – техничка служба за идентификација и добивање согласност за регистрација. Врз основа на лажниот договор, тој го регистрирал возилото на свое име, по што во 2016 година го продал на друго лице во Тетово.

Можеби ќе ве интересира

Херои на денот: Екипите на Електродистрибуција спасија маче од електричен столб! (ВИДЕО)

C +

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

C +

Српските медиуми објавија дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград

C +