Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Драстична промена на времето: УХМР издаде метео предупредување за претстојниот викенд

За време на викендот ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд и со засилен јужен ветер. Во сабота врнежите ќе бидат претежно во западните делови, а во недела насекаде и ќе бидат пообилни (над 30 л/м2), локално во форма на невреме.

Од понеделник ќе дува северозападен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.

Прогноза за 21.12.2019
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 11°С до 15°C
Променливо облачно, од претпладнеи со слаб до умерен дожд претежно во западните делови. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Прогноза за 22.12.2019
Минимална температура: 5°C до 9°C
Максимална температура: 10°C до 16°C
Претежно облачно со врнежи од дожд пообилни во западните делови. Врнежите ќе се проследени со умерен до засилен јужен ветер понекаде и во форма на невреме.

Прогноза за 23.12.2019
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 8°C до 15°C
Променливо облачно со слаб повремен дожд. Од претпладне ќе почне да дува умерен северен ветер кој повремено ќе засилува. На североистокот снежната граница ќе се спушти до 1500 метри.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +