СДСМ новата програма ќе ја креира заедно со граѓаните, а за тоа ќе одржи и трибина „Иноватива“ во петок, на 20-ти декември.
„Програмата на СДСМ за следните четири години сакаме да ја креираме заедно со вас, за вас.
Особено задоволство ни е да ве поканиме на нашата прва програмска трибина “Иноватива” која ќе се одржи во петок, на 20-ти декември, во 18:00 часот во Музеј на Град Скопје.
На оваа трибина заедно со вас ќе ги дискутираме најновите трендови во екомонијата со посебен фокус на технологии, стартапи и претприемништво.
Говорници на трибината ќе бидат:
●Аријана Коскарова од Creative Hub
●Нина Николиќ од стартап Македонија
●Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација
●Кирил Колемишевски, Заменик министер за економија
●Илијанчо Гаговски, IT експерт и претприемач
Трибината ќе ја модерира Коста Петров, Потпретседател на СДСМ и основач на Пи Ворлд.
Заедно да ја креираме програмата со која во следните четири години ќе го подобриме квалитетот на живот на сите граѓани и ќе придонесеме за развој и напредок на државата.
Се гледаме во петок!“ – се вели во најавата.