23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

УЈП ја објави листата на должници со имиња и презимиња: Меѓу нив се и познати бизнисмени, фирми и јавни претпријатија

Управата за јавни приходи објави Листа на должници бр.12/2019 за долгови доспеани до 31.08.2019 и неплатени до 30.11.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.12/2019 објавени се 2006 должници – правни лица (помалку за 14 од претходната листа) и 2527 физички лица (помалку за 12 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.12/2019 изнесува 10.039.498.849 денари, помалку за 90.217.232 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.879.654.735 денари (помалку за 90.290.624 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 159.844.114 денари (повеќе за 73.392 денари од претходната листа).

Листата е објавена на следниот линк: http://www.ujp.gov.mk/files/attachment/0000/1209/08-7597_4_Lista_na_dolznici_br.12_18.12.2019.xls