Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

19 годишна девојка затропала на врата и побарала да се стопли: Од старец украдени речиси пет илјади евра

На 15.12.2019 во 16.15 часот полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ја лишиле од слобода А.П.(19) од с.Горобинци, светиниколско, поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „кражба“.

Таа, на 15.12.2019 во 01.00 часот отишла во куќа сопственост на М.Ј.(79) на ул.„4-ти Јули“ во Свети Николе и под изговор дека и било ладно, побарала да влезе и да се стопли. М.Ј. ја пуштил внатре и во еден момент кога излегол од собата, од дрвено сандаче одзела пари во износ од 301.700 денари во разни апоени, по што ја напуштила куќата.

Парите му биле вратени на сопственикот, а против А.П. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

Претреси низ Македонија – лишени од слобода две лица

ДЕСК

ДЕНЕСКА Е ВЕЛИКА САБОТА: Не смееме да ги правиме овие работи до полноќ

ДЕСК

Важна вест за скопјани – Посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје денеска

ДЕСК