23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев: Сваровски судиите мора да одговараат!

Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев, на денешната трибина „На прав пат“, повторно го повтори својот став дека нема да има компромис со криминалот.

-Нема компромис со криминалот. Пукавме бомби, ги ставивме животите во залог. И сега да запреме, нема шанси. Нема обвинител или судија што ќе го запре овој процес. Еден дел од судството остана како последен бастион од заробената држава. Наместо да се ослободат од сопствените окови, овие сваровски судови застанаа на патот на правдата. Ова мора да престане веднаш. Мора да ја променат својата работа и да одговараат пред граѓаните за својата работа. Ја повикувам Антикорупциска да почнат со проверките. И сите други институции, финансиска полиција, да почнат со проверка на пари, капитал, имот на овие судии и на нивните семејства.

Ни треба судство кое одлучува, а не судство кое застарува предмети. Судскиот совет да провери како тоа застарувале предметите. Да ни кажат кој тоа влијае врз судиите. Да ни кажат зошто неколку десетици предмети кои биле завршени се чувале во фиоката на претходниот претседател на Врховниот суд. Ќе зборуваме гласно зошто мора да има правна држава. Ја повикувам и ЕК веднаш да го стартува со мониторингот на високопрофилирани случаи. Прочистување на судиите и обвинителите мора да има, правда може да носат праведни судии, а не кочничари на правдата. Последниот бастион на заробената држава ќе падне, рече Заев.