Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(видео) Николовски со предизвик на фејсбук за меѓуетничко зближување

Фејсбук статус на Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ:

Ставањето на етничките заедници исклучиво во политички контекст од нас прави проценти и бројки. Тоа ми пречи бидејќи нашето мултикултурно општество е непроценливо богатство кое не смее да се сведе на проста математика.

Затоа одлучив да ја почнам оваа иницијатива која има за цел да не зближи но не преку политика туку преку она што било и ќе остане после нас, а тоа е уметноста.
Јас во ова видео издвоив албанска староградска серенада која потекнува од градот Корча. Оваа песна е дел од колективниот идентитет на нашите сограѓани Албанци и слушајќи ја се чувствувам поблизок со нив.

Со цел понатамошно продолжување на иницијативата го повикувам мојот другар Edmond Ademi да издвои автор или дело кое е дел од колективниот идентитет на некоја од заедниците кои живеат во нашата држава и да ја предаде оваа штафета на зближувањето на некој свој пријател.

Ги повикувам и сите граѓани да се приклучат и да споделуваат уметност која ќе не доближи до културата на нашите сограѓани со цел да изградиме вистинско единство и љубов кое наместо на проценти ќе лежи на трајни вредности.

Можеби ќе ве интересира

Утре седница на ЦО на СДСМ и избор на ново партиско раководство, најави Филипче

ДЕСК

Филипче: Не е донесен ниту еден реформски закон, но затоа имаме партизација на секое ниво

ДЕСК

Филипче: Со приемот на мигрантите Мицкоски сака да не претвори во црна точка на Балканот

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.