Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Експлодираше плинска боца во стан во Тетово – 12 лица се повредени

Денеска во 11.15 часот избувна пожар во станбена зграда на улицата „Димо Гавровски-Кара“ во Тетово.

Според СВР Тетово, во пожарот се повредил сопственикот на станот, 24 годишниот А.С, и други 11 лица.

– Во пожарот, А.С.(24) кој сам живеел во станот задобил изгореници, додека 11 други лица од зградата почувствувале проблеми од чадот и сите се пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош. Во тек е увид што го води јавен обвинител, а во кој учествува и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово – велат од СВР Тетово.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +