10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадинов: Мицкоски е опкружен со советници-насилници, ВМРО-ДПМНЕ нуди само насилство

„Скандалозно, советникот на Мицкоски, поранешниот дипломат Томислав Димитровски, репетирал автоматска пушка и ја вперил кон соседите. Насилничката матрица е силно присутна во ВМРО-ДПМНЕ. Христијан Мицкоски е опкружен со советници-насилници, остатоци на груевизмот, блиски до неговиот шеф Никола Груевски.

Насилничко однесување на советникот на Мицкоски потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ нуди само насилство и тензии кон сопствените граѓани“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Таков е односнот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кон граѓаните. Тоа е истото ВМРО-ДПМНЕ кое 11 години им се закануваше на граѓаните и ги малтретираше.

Христијан Мицкоски е опкружен со луѓе кои промовираат и поттикнуваат насилство. Во неговиот кабинет има и лица кои се закануваат со автоматско оружје кон граѓаните.

Димитровски беше амбасадор поставен од Никола Груевски, денеска е советник и дел од кабинетот на Христијан Мицкоски.

Недозволиво е било кој да им се заканува со огнено оружје на граѓаните, а најмалку човек кој е дел од кабинет на шеф на политичка партија.

Ако Мицкоски мисли дека со насилници, со закани и насилство ќе ги исплаши граѓаните и на тој начин ќе го ублажи поразот на изборите, страшно се лаже.

Времето на уцени и закани кон граѓаните заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Мицкоски нема да го врати ниту режимот, ниту заробената држава. На 12 април тој и неговите советници насилници ќе доживеат нов убедлив пораз од граѓаните“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Спонзорирано: