10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ДУИ со предлог: Во петок да се работи само 4 часа

Петок да се работи со половина работно време односно најмногу до 13 часот за вработените да имаат време повеќе да се посветат на семејствата, вели за Плусинфо брифира висок функционер на ДУИ. Тој вели дека ова е дел од резолуцијата број 3 –  квалитет на живот, која денеска ја изгласа Централното претседателство и која по Конгресот ќе стане дел од изборната програма на интегративците за изборите на 12 април догодина.

Според функционерот, ДУИ ќе предложи аванградна програма во која предлага политики за обезбедување на услови за квалитетен живот на граѓаните.

Еден од предлозите е скратување на работното време за половина и тоа во петок. Со тоа граѓаните ќе имаат повеќе време за семејството, за социјализација и за себе. Со тоа се намалува стресот, поволно ќе влијае на општото и менталното здравје на граѓаните и тие ќе бидат посреќни но и попродуктивни на работното место – вели функционерот на ДУИ.

Тенденцијата е, велат од партијата, да се зголеми животниот век на граѓаните како тој во скандинавските земји.

Спонзорирано: