Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Османи: Секоја успешна европска програма за младите значи повеќе млади останати во земјава

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денес учествуваше на Конференцијата за промоција на програмата „Европски корпус на солидарноста“, на која домаќин беше Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова.

„Членството во новата програма на ЕУ, „Европски корпус на солидарноста“ отвора големи можности за учество на нашите млади во волонтерски активност“, истакна Османи, посочувајќи дека овој проект е во насока на амбициите на Владата на Република Северна Македонија да ги препознава легитимните потреби и амбиции на младите за нивната иднина, со што младите би биле стимулирани да останат во земјава, наместо својот успех да го бараат надвор од земјата.

„Ние во СЕП ги обезбедивме ИПА средствата за учество во програмата за 2019 и 2020 година и се надеваме дека земјата, односно младите во земјата ќе ги препознаат можностите што ги нуди оваа Програма на Унијата“, додаде Османи.

Програмата „Европски корпус на солидарност“ (ЕСК) започна со имплементација во октомври 2018 година и истата беше достапна само за државите-членки на ЕУ, а на иницијатива на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност беше потпишан Договорот меѓу Република Северна Македонија и Европската унија за учество на Република Северна Македонија во Европскиот солидарен корпус.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +