Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Времето се менува – Доаѓа и снегот

Утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег особено попладне. Ќе дува умерен, кон крајот на денот повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Од вторник ќе преовладува променливо и врнежливо време.

Уште од ноќта кон вторник ќе има зголемена облачност и од запад ќе започнат врнежи од дожд, кои на планините ќе бидат од снег.

Од вторник кон крајот на денот на запад и на север дождот ќе поминува во снег и на повисоките места. Овие врнежи повремено ќе се поинтензивни (над 25 л/м2) особено во западните делови и на југ.

Прогноза за 10.12.2019
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 7°С до 12°C
Претежно облачно, попладне со врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен, кон крајот на денот повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 11.12.2019
Минимална температура: -2°C до 6°C
Максимална температура: 4°C до 9°C
Променливо облачно, претпладне со локален дожд, а на планините и на повисоките места особено на запад и север со повремен снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 12.12.2019
Минимална температура: -4°C до 2°C
Максимална температура: 6°C до 12°C
Променливо облачно, кон крајот на денот со локален дожд.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Филипче заедно со Пендаровски на денешната промоција на документарниот филм “Заробена вистина”

ДЕСК

ОД МИНУС ДО ПЛУС: Свежи утра и постепено затоплување преку ден

ДЕСК

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

ДЕСК