13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Важна вест за возачите: Намалена видливост поради магла на овие патни правци

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150м. има на патниот правец Велес – Штип, до 100м. Градско – Неготино – Демир Капија и од 70 до 80м на планинскиот превој Плетвар.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

СЕЗОНСКО ЗАТВОРАЊЕ: Патниот правец Р2332 Охрид-Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2019 до 01.04.2020 е затворен за сообраќај за сите видови возила.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Спонзорирано: